Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо е разочаран од густиот распоред во англиската Премиер лигата.
Само два дена по победата над Брајтон со 2:1, Петлите повторно ќе бидат на терен. Тие утре играат против Норич, а Мурињо се пожали за тоа.
„Криминал е што ќе се вратиме на терен за два дена. Тој е против секој закон за психологија, биологија, биохемија“, рече Специјалниот.
Инаку, по саботниот судир против Норич, Тотенхем повторно игра против Саутемптон во среда.
Тоа значи дека Петлите ќе одиграат три натпревари во Премиер лигата за само шест дена. Се разбира, не само тие, туку и сите други екипи од Англија.