Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Галатасарај синоќа беа поразени на гостувањето кај Ризеспор со 2:0, а натпреварот беше обележан со страшна повреда на ногата.
Уругвајскиот голман се повреди во 13-та минута кога истрча пред играчот на Ризеспор, кој се лизна и удри во Муслера, по што се случи страшна повреда.
Муслера остана да лежи на теренот и повикуваше на помош, и се покажа дека десното колено е сериозно повредено. Прекинот на натпреварот траеше дури десет минути, а подоцна Уругваецот беше префрлен во болница.
Јасно е дека сезоната е завршена за Уругваецот, а првите информации од Турција велат дека тој ќе биде надвор од терените најмалку половина година.