Мутињо: Македонија има добра одбрана и знае да ги искористи своите шанси!


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Португалските репрезентативци најавија внимателна игра против Македонија, која ја изненади Италија во Палермо, а сега се надева на историски успех на „Драгао“.

Жоао Мутињо кажа дека неговите колеги не смеат премногу да се опуштат и да имаат голема самодоверба во мечот против Македонија затоа што „црвено-жолтите“ знаат да изненадат.

„Мора да бидеме внимателни. Македонија има добра одбрана и знае да ги искористи своите шанси од контра-напад. Мора да ги реализираме нашите шанси пред противничкиот гол. Меѓутоа, очекуваме тежок натпревар и не смееме да имаме голема самодоверба“, вели Мутињо.