Најбизарниот натпревар во историјата на УФЦ: Анте Делија беше пред победа, а потоа брутално нокаутиран (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Хрватскиот борец Анте Делија синоќа го претрпе својот прв пораз во УФЦ во борба против Валдо Кортеc-Акоста со нокаут во првата рунда.

Иако хрватскиот борец одлично го започна натпреварот и беше прилично доминантен во текот на првата рунда. Делија дури и со одличен удар значително го зафати противникот, што го натера судијата да го прекине мечот.

Сепак, се покажа дека за време на серијата удари тој со прстот му влезе во окото на Кортеc-Акоста, кој го пријави тоа откако судијата го прекина мечот.

По тоа беше прегледан снимката од спорната ситуација и беше одлучено дека натпреварот ќе продолжи.

Прекинот очигледно му одговараше на противникот на Делија, бидејќи една минута пред крајот на првата рунда со одличен удар го погоди Хрватот во глава, по што тој падна.

Кортеc-Акоста веднаш се нафрли на Делија и му зададе неколку жестоки удари, што доведе до прекин на натпреварот, а на крајот Акоста е тој кој победи.

.