На Бејл му е преку глава: Ѕвездата ги пакува куферите и „фаќа магла“ од Мадрид!?


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Герет Бејл очигледно повеќе не е задоволен во Мадрид, па реши да го крене гласот затоа што веќе му е дојдено преку глава и ова најверојатно ќе биде негова последна сезона во Реал.

На Бејл му пропадна трансфер во Кина, иако се согласи да замине за речиси 100 милиони евра, но „кралевите“ го стопираа трансферот, зашто Кинезите не сакаа да платат премногу пари за него.

Репрезентативецот на Велс не доби шанса против Клуб бриж, па поради тоа Бејл се појави на четири минути пред стартот на мечот, иако според правилата – мора да се појави еден час претходно.

Бејл сезонава одигра шест меча и притоа постигна два гола во првенството, но и покрај тоа планира да го напушти Мадрид и се шпекулира дека би можел да се врати во Тотенхем.

Сепак, засега главен проблем е големината на платата на Бејл, па не е познато дали лондонскиот клуб ќе се согласи да му даде толку многу пари.