На „Бернабеу“ пристигнува новиот Макелеле…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот весник, АС тврди дека Реал Мадрид на крајот од сезоната ќе го засили фудбалерот по име Тангај Ндомбеле.

Овој 22-годишен репрезентативец на Франција со своите игри во дресот на Лион им влезе во око на бројните великани, од Јувентус до Манчестер Сити, а угледниот АС сега тврди дека на него „око фрлил“ и Реал Мадрид кој бара замена за Касемиро.

Со оглед на тоа дека Касемиро најави заминување, позицијата во редот за врска ќе остане критична и на големо се бара потенцијална замена. Се споменуваше најпрво Сергеј Милинковиќ – Савиќ, потоа Погба, но на крајот далеку пореална опција е овој фудбалер на Лион на чие доведување инсистира Зинедин Зидан.

Ндомбеле има договор со Лион до 2023. година, а со оглед на тоа дека интересот е голем, се шпекулира дека францускиот клуб нема да го пушти под 80 милиони евра.

Квалитетот на овој млад играч за врска го препозна и францускиот селектор Дидиер Дешамп кај кого дебитираше во септември изминатата година, а странските медиуми тврдат дека во прашање е „новиот Макелеле“, алудирајќи на познатиот Французин кој играше со Зидан на „Сантијаго Бернабеу“.

Сениорската кариера Ндомбеле ја почна во Амиенсе од каде изминатата сезона пристигна на позајмица во Лион. Многу брзо ги импресионираше и заработи перманентен трансфер.