На Боатенг нема да му се допадне кога ќе види како Пике го исмејува на Инстаграм


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Џерард Пике не споделува често на социјалните медиуми, но кога ќе го направи тоа, тој се наоѓа во центарот на вниманието.

Имено, познататиот спортски портал „433“ синоќа објави интересна фотографија од екипата на Барселона во 2011. година кога ја освоија Лигата на Шампионите.
Барселона и тогаш во финалето на Вембли го победи Манчестер Јунајтед со резултат од 3:1, а „433“ на своите фанови им постави интересно прашање.

Тие ја објавија фотографијата со тимот на Барса во 2011. година без едниот офанзивец и ги запрашаа фановите кој недостасува. Но, не ни помислија дека ќе се јават и Пике, но и Давид Вила.

Пике ги насмеа сите откако го означи Боатенг и изјави дека фали тој. Боатенг изминатата сезона ја помина во Барса, но беше тотално промашување и сигурно е дека нема да му се допадне начинот на исмејување на Пике.

Од друга страна, Давид Вила не напиша ништо посебно, тој им даде до знаење дека тој е оној кој што фали на оваа фотографија. Вила на натпреварот во финалето на Лигата на Шампионите во 2011. година постигна спектакуларен гол за конечен резултат од 3:1.