На денешен ден пред 15 години беше одиграно најлудото финале во ЛШ (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Пред точно 15 години Милан и Ливерпул го одиграа најинтересното финале во историјата на Лигата на шампиони.

На „Ататурк“ во Истанбул победникот на дуелот во кој се сретнаа двата гиганти го решија пеналите.

„Росонерите“ на полувреме имаа водство од 3-0, со головите на Паоло Малдини и Ернан Креспо, но во вториот дел следеше шок.

Во 54. минута почна големото враќање на Ливерпул, кој преку Џерард, Шмицер и Чаби Алонсо успеа да израмни на 3-3 и да избори пенали, на кои беше подобар англискиот премиерлигаш.

Избраниците на тренерот Рафаел Бенитез за нијанса беа подобри во пенал-рулетот и со 3-2 успеаа да слават и да го освојат петтиот трофеј во елитното натпреварување.