На Дончиќ му се заканува суспензија и губење на 317.000 долари


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ ќе пропушти еден натпревар откако достигна лимит на технички грешки во НБА лигата, што би можело да го чини околу 317.000 долари.

До 16-тата техничка грешка во сезоната дојде во петок за време на натпреварот против Бруклин Нетс.

Доколку суспензијата биде потврдена, Дончиќ би изгубил 1/145 од својот годишен приход, што изнесува приближно 317.000 долари, кога ќе го пропушти следниот меч против Вашингтон Визардс, пренесува “ESPN”.

Техничката е досудена после офанзивната грешка на 5:12 минути до крајот на натпреварот, кога Дончиќ и крилото на Нетс Зеир Вилијамс разменија зборови на теренот.

Иако финансискиот удар може да биде значаен, неговото отсуство веројатно нема да ја загрози формата на Лејкерс.

Дончиќ во последните 12 натпревари бележеше просечно 39,7 поени со 48,9% шут (39,3% за три поени), 8,1 скокови, 6,9 асистенции и 2,5 украдени топки.

.