На Ѓоковиќ му се „заклучени“ 10.000 бодови поради политика


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои Вимблдон, но и покрај тоа падна до седмото место на АТП-листата, затоа што турнирот во Лондон не доделуваше бодови поради казната од АТП.

Ѓоковиќ оваа сезона не можеше да брани околу 2.000 бодови на Австралијан опен, зашто беше депортиран поради тоа што не е вакциниран.

Одлуката да не се вакцинира му прави проблем и за влез во САД, па не можеше да игра уште на турнирите на Индијан Велс и Мајами, па таму остана без битка за 2.000 бодови.

На Вимблдон не се сметаа бодовите, што значи загуби 2.000 поени и затоа падна на АТП-листата, а најверојатно пак нема да може да игра во САД и ќе ги пропушти турнирите на Синсинати и Торонто (двата носат по 1.000 бодови), додека Ју-Ес Опен носи дополнителни 2.000.

Тоа значи дека српскиот тенисер не може да игра на турнири кои носат вкупно 10.000 бодови, па затоа неговиот пад е очигледен и ќе тоне уште повеќе.