На „Итихад“ дојде голем шпански талент: Пеп доби ново засилување! (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер сити летово ангажира неколку засилувања, но преодниот рок сè уште за премиерлигашот не е завршен и тимот денеска претстави уште еден фудбалер, а тоа е Серхио Гомез, кој пристигна од Андерлехт.

Овој 21-годишен лев бек ги воодушеви сите со настапите во дресот на белгискиот клуб, но сепак „граѓаните“ беа најупорни да го добијат неговиот потпис.

Гомез ја почна кариерата во Барселона, но како тинејџер замина во Борусија Дортмунд, каде што не доби многу шанса, па две сезони бееш на позајмица во Хуеска, по што потпиша за Андерлехт.

Младиот дефанзивец потпиша четиригодишен договор со актуелниот англиски првак и кажа дека е среќен што доаѓа во екипа чиј тренер е Пеп Гвардиола.