На крајот од годината е отпуштен од нисколигаш, а денеска е на прагот од шпански гигант!


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Бајката на поранешниот напаѓач на Рединг ќе има судејќи по се многу среќен крај.

Јавноста ширум Европа не баш најдобро ги познаваше  квалитетите на Хал Робсон – Кану  се до минатото ЕП, на кое заблеска.

Беше стрелец на можеби и клучните клубови на Змајевите на целото првенство, каде што Велшаните го завршија во полуфиналето.

Одма тргна лудоста по него, клубови ширум Европа но и остатокот од светот покажа интерес, се испостави дека одлуката на Велшанецот за после отказот од Рединг да не брза за пронаоѓање на нов клуб била многу на место.
Сега два нови клуба се во „трка“ за негов потпис, а тоа се Атлетико Мадрид и Севиља!

Оваа инормација ја пренесе шпански АС, повикувајќи се на “walesonline.co.uk”.

Робсон – Кану наводно беше на прагот од враќање во ПЛ, во редовите на Хсал, но после одлуката на Стив Брус да се повлече од местото тренер на Тигрите се откажа од таа варијанта.

Порано се споменуваше дека од Кина имаше безобразна понуда, но Кинезите може да бидат победени од Атлетико и Севиља.

Атлетико во минатата сезона играше и финале на ЛШ, ќе играат во елитното натпреварување и во наредната година, додека Севиља, која истотака ќе игра ЛШ, интезивно е во потрага за засилување во шпицот.

Кану изгледа му се допадна и на Чоло и на Сампаоли, и останува да се види кој ќе биде побрз.

Во секој случај, животот на велшкиот фудбалер во целост ќе се промени во наредните дениови, бидејќи само за неколку месеци од просечен напаѓач од Чемпионшип, изразна во „материјал“ за самиот врв на Европа.