„На крајот од сезоната ќе ја напуштам Формула 1“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Роберт Кубица одлучи на крајот од сезоната да ја напушти Формула 1.

Познатиот полски возач се врати во светот на Формула 1 после осумгодишно отсутство поради претрпени повреди на рели трка во 2011. година, но сепак нема долго да остане на стазите.

И покрај силниот карактер, Кубица одлучи да ја заврши својата кариера. Смета дека резултатите на стазата не го исполниле неговото очекување.

34-годишниот возач од Краков изјави дека оваа година сезоната била многу интензивна и за да ги искористи сите прилики кои му биле понудени, одлучил да продолжи со Вилијамс.

Кубица долго е во центарот на вниманието во Формула 1, после инцидентот во Ронде Диадори во провинцијата Савона, малку пред да почне изданието од 2011., кога полскиот возач се здоби со страшни повреди во голема несреќа.

Како што е познато, било потребно повеќе од еден час за тој да биде извлечен од автомобилот. Потоа тој бил на седумчасовна операција под закрила на седум различни доктори кои истовремено работеле во две смени. Предолгата хируршка интервенција која без сомнение му го спасила животот, додека неговиот асистент во истата кабина чудесно преживеал без никакви повреди.

Кубица изјави дека Формула 1 многу му се допаѓа, но нема намера да се натпреварува по секоја цена. Полскиот ветеран додаде дека автомобилските трки и понатаму му нудат многу забава и дека ќе биде чудно ако не се натпреварува наредната година, меѓутоа различните извори и германските весници шпекулираа дека 34-годишниот возач преминува во DTM Championship, Deutsche Tourenwagen Masters.