На Милинковиќ-Савиќ му требаа само 70 секунди за деби гол за Ал Хилал (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ неодамна го засили Ал Хилал од Саудиска Арабија, а својот деби гол го постигна по само 70 секунди во дресот на новата екипа.

Милинковиќ-Савиќ постигна прекрасен гол, откако Абдулхамид испрати одличен центар-шут за Србинот. На крајот, победата му припадна на Ал Хилал со 4-2.

Ал Хилал го купи Милинковиќ-Савиќ за 40 милиони евра од Лацио, а Србинот доби годишна плата од 20 милиони евра.