На Олимпико очи полни со солзи: Погледнете го збогувањето на Де Роси и Џеко


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Даниелe Де Роси повеќе нема да го гледаме во дресот на Рома, а според некои тврдења истото може да се случи и со Един Џеко.

Легендарниот играч синоќа го одигра својот последен натпревар во дресот на Волчицата, а исто така и капитенот на босанската репрезентација е блиску до заминување.

После финишот на натпреварот против Парма, на Олимпико беше приреден настан за опростување од Де Роси. Додека поранешниот италијански репрезентативец се поздравуваше со своите соиграчи и навивачи, стручниот штаб и клубската администрација не успеаја да ги сокриат очите полни со солзи. Ретки беа тие кои се воздржаа да не заплачат…

Последниот поздрав на Де Роси и Џеко, без оглед на тоа што беа соиграчи само четири години, беше доста емотивен. Нивниот поздрав можете да го погледнете во видео прилогот на 3:50 минута.

Дали и Џеко синоќа се прости од Олимпико ќе дознаеме во наредните седмици. Играта ја напушти на почетокот на втората половина од натпреварот. За време на измената се слушаа свирки од трибината поради прераното заменување на омилениот играч на навивачите на Рома.

После тоа што ја напушти играта навивачите на Волчицата го скандираа името на Џеко и така јавно му покажаа дека секогаш ќе биде омилен играч кој играл во Рим.

Останува да видиме дали тоа ќе биде опростување од популарниот Дијамант од култниот римски стадион…

View this post on Instagram

?❤️

A post shared by Amra Silajdžić Džeko (@amra_silajdzic) on