На трпението му дојде крајот: Реал Мадрид може да изгуби голем талент


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид ја освои шпанската титула, но и Лигата на шампиони (ЛШ), а летово се засили со неколку фудбалери со кои ќе се обиде следната сезона да го повтори успехот, но притоа се соочува со опасност да изгуби талентиран играч.

Младиот Андри Гудјонсен, син на легендарниот Ејдур Гудјонсен, наскоро би можел да си замине од вториот тим на Реал Мадрид затоа што не доби шанса во првата екипа, иако има 20 години.

Момчето го губи трпението, па бара клуб во кој ќе биде првотимец, а ИФК Норкопинг делува како идеална средина за него.

Гудјонсен пред три години беше еден од најголемите таленти во Европа, а за Исланд одигра девет натпревари и постигна два гола.