На Варан не му оди по план на „Олд Трафорд“, а за тоа е виновен одамна отпишан фудбалер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот дефанзивец Рафаел Варан потпиша за Манчестер јунајтед, а англискиот клуб го претстави еден ден пред почетокот на новата сезона.

Варан не беше во конкуренција за мечот против Лидс во саботата, но престојуваше на „Олд Трафорд“ и ќе биде подготвен за следното коло.

„Манчестер јунајтед е еден од најголемите клубови во светот и не можев да ја одбијам таа можност. Сакам уште многу да направам во кариерата“, вели Варан.

Французинот го доби бројот 19, но англиските медиуми тврдат дека тој имал поинакви желби, но неговото барање било одбиено поради Џонс, кој не сакаше да го промени неговиот број.

Тврдоглавоста на Џонс изненадува затоа што тој не добива шанса во екипата на Јунајтед, но и покрај тоа не го дава бројот пет.