Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот шампион Вардар загуби во СЦ „Јане Сандански“ од Монпелје со 25-31, откако „црвено-црните“ одиграа многу лош натпревар во нападот и тоа скапо ги чинеше.
Монпелје имаше водство од самиот почеток, а за првпат Вардар до израмнување стигна при 2-2, по што францускиот клуб ја одржувашре предност и на полувреме замина со 15-11.
Во вториот дел водството за Монпелје растеше и достигна максимални осум голови во завршницата (28-20), но Вардар до крајот намали на 25-31.
Дибиров постигна седум гола за Вардар, додека Ристовски и Томовски заедно имаа 10 одбрани.
ФОТО: РК Вардар