На Ѓоковиќ наводно му биле понудено 13,5 милиони од Нетфликс за документарец


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ би можел да биде следната ѕвезда на Нетфликс. Информацијата дека оваа ТВ платформа му понудила на најдобриот тенисер на сите времиња 13,5 милиони долари за серија од седум епизоди во која ќе биде раскажана неговата феноменална кариера низ хроники од најголемите турнири, се појави на интернет, но сè уште не е официјално потврдена.

Како што пишува во информацијата за подготовка на овој документарец, се разбира, ако е точна – во фокус нема да бидат само неговите резултати. Ќе биде и извонредна приказна за неговата големина, дисциплина, легатот што овој врвен спортист, кого многумина го сметаат за најголемиот тенисер на сите времиња – ќе го остави.

Меѓутоа, има тука и нешто уште поважно што зборува за феноменалниот карактер на српскиот ас. Добар дел од таа сума што ќе ја добие за снимање на документарната серија, Ѓоковиќ наводно ќе ја префрли на различни хуманитарни агенции, што, како што пишува авторот на овој текст на Instagram, уште повеќе ги импресионира милиони негови обожаватели кои максимално ја почитуваат неговата великодушност и на теренот и надвор од него.