Начо заминува по 23 години, Реал Мадрид му најде наследник во Франција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид на крајот на сезоната ќе остане без уште една легенда на клубот, а тоа е Начо кој заминува по 23 години поминати во шпанскиот гигант.

„Кралевите“ не чекаа долго пред да го најдат неговиот наследник и изборот падна на 18-годишниот стопер на Лил, Лени Јоро.

Јоро има договор со Лил до јуни 2025 година, а неговата цена во моментов изнесува 40 милиони евра.

Младиот фудбалер веќе привлече интерес и од други екипи, меѓу кои е и францускиот шампион ПСЖ.