Над стадионот на кој игра Селтик лета авион со порака од навивачите на Ренџерс 🎥

Доминацијата на Селтик по 10 години беше прекината и Глазгов Ренџерс е нов шампион во шкотското првенство.

Ренџерс предводен од легендарниот Стивен Џерард направи чудо сезонава и ја прекина доминацијата на нивниот ривал, а притоа ја донесе првата титула по 2011 година.

Ренџерс претходно банкротираше, па играше во најнизок ранг, но сега се повторно на врвот во Шкотска.

Над стадионот на кој играат Данди и Селтик, леташе авион со порака од навивачите на Ренџерс.