Надал ги разочара Американците, но ги израдува Французите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал има намера да игра во Ролан Гарос оваа година, и покрај откажувањето на настапот на УС Опен.

Надал се јави во вторникот вечерта и им рече на фановите дека нема да биде на вториот гренд слем на сезоната затоа што се плаши од коронавирусот и затоа не сака да патува.

И покрај откажувањето на УС Опен, тој рече дека има намера да игра во Париз кај Ролан Гарос, кој треба да започне на 27. септември.

Сепак, тој не ја донесе конечната одлука, но ако епидемиолошката состојба е што е можно подобра, тој ќе игра сигурно.

“Да, тоа е мојата намера и јас се подготвувам за тоа, но мора да почекаме на настаните и да видиме како ќе се развива. Точно е дека ситуацијата со коронавирусот се влоши малку во последните неколку недели, но мојата намера е да играм во Париз ако дозволат условите. Ќе се подготвам за сезоната на земја во Европа и кога ќе дојдат турнирите ќе донесем одлука. Ќе видиме дали сè во Европа ќе биде под контрола или не”, рече Надал.

Тој додаде и дека овогодишниот УС Опен, без оглед на неговото отсуство, ќе биде голем турнир затоа што ќе се појават многу познати тенисери.

Новак Ѓоковиќ во моментов е регистриран на тој турнир, но сè уште не е познато дали ќе игра на него.

Инаку, Надал, во случај да игра во Париз, ќе ја „брка“ својата 13-та титула во Ролан Гарос.