Надал го освои неговиот 12. трофеј на турнирот во Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го освои турнирот во Барселона, а во возбудливо финале беше подобар од грчкиот играч Стефанос Циципас.

Третиот тенисер во светот, Надал во финалето славеше со 2-1 во сетови, односно 6-4, 6-7 и 7-5, а петтиот тенисер на АТП-листата, Циципас во вториот сет спаси две меч топки и избори трет сет.

Мечот траеше подолго од три ипол часа, а Надал стигна до својот 12. трофеј на турнирот во Барселона.

Шпанецот го играше своето 12. финале на турнирот и без пораз е апсолутен рекордер во Барселона.