Надал изгуби на стартот во Париз: Никогаш не знаете кој турнир ќе ви биде последен…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанецот Рафаел Надал загуби на првиот меч на Мастерсот во Париз од Американецот Томи Пол во три сета, а навивачите на поранешниот прв тенисер во светот може да бидат разочарани поради раната елиминација.

Надал по натпреварот беше тажен, но му го честиташе триумфот на неговиот ривал кој направи вистинска сензација на стартот на турнирот.

„Секоја чест за Томи. Се случуваат вакви работи. Мислам дека играше агресивно, освои многу поени. Имав добра позиција во вториот сет со брејк и гем предност, но одиграв многу лошо. Не ја заслужив победата. Во мои години никогаш не знаете кој турнир ќе ви биде последен во сезоната. Сакам да играм на завршниот турнир во Торино и ќе дадам сè од себе“, вели Надал.