Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рафаел Надал објави дека неговата кариера ќе заврши на крајот на сезоната, па така Шпанецот по две децении заминува во заслужена пензија со 1.080 победи.
Надал, освен што го сака тенисот, е голем љубител на фудбалот и негов омилен клуб е Реал Мадрид, а во шпанските медиуми се појави неочекувана приказна.
Шпанецот беше забележан во ВИП-ложата на „кралевите“, а медиумите пишуваат дека во иднина би можел да стане претседател на гигантот од Мадрид.
„Ако ме прашате дали би бил возбуден доколку станам претседател на Реал Мадрид, секако дека одговорот е позитивен. Би бил среќен, но засега немам такви планови“, кажа Надал во минатото.