Надал му направи услуга: Ѓоковиќ се запиша во историјата и израмни рекорд на Сампрас!

Рафаел Надал го нема во конкуренција за турнирот во Софија, со што српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја обезбеди лидерската позиција до крајот на годината, со што израмни и неверојатен рекорд.

Србинот повторно ќе ја заврши годината на првата позиција на АТП-листата, а единствен услов за да биде урнат од таа позиција беше Надал да се пријави на турнирот во Софија и да издржи до самиот крај, но тој не го направи тоа.

Ѓоковиќ е воодушевен со неговото големо постигнување, но тука нема намера да запре, туку сака да стане и рекордер.

„Пит е некој кој ми беше идол во детството, а да се израмни токму неговиот рекорд е остварување на сонот. Ќе продолжам да се трудам и да бидам подобар, се надевам дека ќе урнам уште многу рекорди“, вели Србинот.