Надал: Најверојатно ова ќе биде моја последна сезона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал пред почеток на Мастерсот во Индијан Велс кажа дека оваа сезона најверојатно ќе биде последна во неговата кариера.

Надал пропушти голем дел од сезоната поради повреда, со која се здоби на 5 јануари во четвртфиналето во Бризбејн.

„Не знам на кое ниво сум, имав и добри и лоши моменти, но најважно е тоа што тренирам и ќе се обидам да постигнам добар резултат во Индијан Велс. Подготовката за турнирот не беше добра, но ќе дадам сè од себе. За мене приоритет е да го напуштам Индијан Велс здрав, а потоа доаѓа сезона на земјена подлога. Ова веројатно ќе биде моја последна сезона“, кажа Надал.