„Надал не е среќен, но нема друг избор, освен да ја прифати ситуацијата“


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го чека долга пауза, по која ќе ја заврши кариерата. Тој направи операција на колкот поради која ќе мора да паузира пет месеци.

Неговиот доктор Анхел-Руиз Которо кажа дека Надал не е среќен поради ситуацијата, но нема друг избор, освен да ја прифати таква каква што е.

„Тешко може да се каже дека Надал ќе игра 100 отсто по пауза од пет месеци. Не може да ја предвидиме иднината. Сепак, Рафа не е среќен, но време е да ја прифати ситуацијата затоа што нема друг избор“, вели Которо.