Надал нема да игра на Ролан Гарос ако не е во најдобра форма!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот најдобар тенисер во светот, Бјорн Борг кажа дека би сакал да го види Рафаел Надал на Ролан Гарос, но тоа најверојатно нема да се случи.

Шпанецот на 28 мај требаше да го брани трофејот во Париз, но со повлекувањето од турнирот во Рим ги загрижи навивачите.

„Рафа ми е добар пријател. Знам дека се бори со неговото тело. Тоа трае веќе долго време. За жал, нема да игра во Рим, а сите сакаме да го видиме на Ролан Гарос. Сепак, ако не може да се подготви и да биде во најдобра форма, тогаш нема да игра“, кажа Борг.