Надал очаен по поразот во Њујорк: Беше подобар од мене, не сум психички подготвен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал загуби со 1-3 во сетови од Френсис Таифо во осминафиналето на Ју-Ес Опен, по што го пофали неговиот ривал од САД.

Рекордерот по број на освоени гренслем-титули демантираше дека причина за пораз е некаква повреда, како што се шпекулираше претходно.

„Одиграв лош меч. Не бев во состојба да го издржам темпото. Моите удари мораа да бидат подобри. Секоја чест за Френсис“, кажа Надал.

Шпанецот кажа дека неуспехот во Њујорк може да биде и поради неговата недоволна психичка подготвеност за предизвикот.

„Кога почна натпреварувањето, моето ниво падна. Од некоја причина, можеби психичка состојба, нешто се случи“, објаснува Шпанецот.