Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе игра на Лејвер Купот, кој е закажан во период од 20 до 22 септември во Берлин.
Надал им се приклучи на Карлос Алкараз, Данил Медведев и Александер Зверев во Тим Европа, а тоа ќе биде негов прв настап по пауза од 2022 година.
Шпанецот е среќен што по четврти пат ќе настапи на престижниот турнир, каде што за првпат заигра во 2017 година.
„Среќен сум што во оваа фаза од мојата кариера можам да ги искористам сите шанси кои ми се даваат“, кажа Надал.