Надал призна: Ѓоковиќ е најдобар тенисер во историјата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал му се поклони на најголемиот ривал Новак Ѓоковиќ и призна дека Србинот е најдобар играч во историјата.

Ѓоковиќ има најмногу гренслем-титули (24), најмногу Мастерс-трофеи (40) и најмногу недели поминати на врвот на АТП-листата (412).

„Сликата која ја создава Ѓоковиќ е полоша од тоа што навистина е. Новак е добра личност, со одредени грешки како и секој од нас. За мене е најдобар тенисер по сè што имам видено. Никогаш не сум имал его да зборувам работи кои не ги чувствувам. Бројките така велат, секако дека Новак е најдобар“, кажа Надал.