Надал сака да игра на ОИ во Париз, но нема право?


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал најави дека во 2024 година се враќа на теренот по големата пауза поради повреда.

Надал сака да заигра на Олимписките игри (ОИ) во Париз следната година, но нема право затоа што не настапи за Шпанија во Дејвис Купот во последните две сезони.

Иако не смее да биде дел од турнирот, Надал се надева на помош и да искористи „рецепт“ на Роџер Федерер, кој тогаш со помош на швајцарскиот тениски сојзу доби посебна дозвола.

Надал кажа дека сака да заигра заедно со Карлос Алкараз во двојки пред крајот на кариерата, а ОИ во Париз се одлична шанса за такво нешто.