Надал се подготвува за враќање на теренот (Видео)

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по долга пауза повторно се подготвува за враќање на тениските турнири.

Надал ќе настапи на турнирот во Доха, кој е закажан за 19 февруари, а потоа се очекува негов настап и на Индијан Велс.

Шпанецот објави видео на социјалните мрежи дека се подготвува за враќањето и се наоѓа во солидна физичка состојба.