Надал се повлече од Индијан Велс: Не можам да се лажам себеси и навивачите!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Рафаел Надал реши да се повлече од турнирот во Индијан Велс затоа што смета дека не е подготвен за настап.

Иако постоеше голема шанса да заигра во Индијан Велс, сепак повредата повторно беше посилна од Надал.

„Тренирав напорно за да се вратам, а минатиот викенд се тестирав, но не сум подготвен да играм на толку важен турнир во моментов. Ова не е лесна одлука, но не можам да се лажам себеси и навивачите. Ќе ми недостигате“, објави Надал.

Шпанецот заигра на почетокот на сезоната во Бризбејн каде што се здоби со повреда.