Надал се повлече од Ролан Гарос и најави крај на кариерата!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Еден од најдобрите тенисери во историјата, Рафаел Надал кажа дека нема да настапи на Ролан Гарос, а исто така најави крај на кариерата.

Надал долго време се бори со повреда и досега пропушти неколку турнири, а нема да настапи ниту на неговиот омилен гренслем-турнир, а тоа е Ролан Гарос.

„За жал, нема да играм на Ролан Гарос. Таа одлука ја донесе моето тело. Нема да играм во следните месеци. Сакам да заиграм до крајот на 2024 година, која ќе биде последна во мојата кариера“, кажа Надал.

Шпанецот освои дури 14 титули на Ролан Гарос.