Надал се повлече од Вимблдон: Не можам да одиграм два меча со ваква повреда!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема да игра против Ник Кирјос во полуфиналето на Вимблдон, откако на медицинските прегледи му беше откриен скинат мускул на стомакот.

Надал ја соопшти одлуката на вонредната прес-конференција, откако претходно имаше лесен тренинг од 45 минути, по кој разбра дека не може да игра на врвно ниво и може да си го ризикува здравјето.

„За жал, морам да се повлечам од турнирот. Забележавте дека се мачев, знаев дека не сум добар. Имам скинат мускул, мислев цел ден што да направам, но сметам дека не можам да продолжам со тенис на Вимблдон поради повредата“, кажа Надал.

Кирјос во финалето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Камерон Нори.