Надал се врати на второ место и ја намали разликата зад Ѓоковиќ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го освои трофејот во Барселона, и тоа по 12. пат во кариерата, а тоа му овозможи да скокне од третото на второто место на АТП-листата.

Надал сега има 9.810 поени и го прескокна рускиот тенисер Данил Медведев, кој сега има 9.700 поени.

Новак Ѓоковиќ не успеа да ја освои третата титула на Србија опен, но и понатаму е безбеден на првата позиција.

Ѓоковиќ, кој во Србија стигна до полуфинале доби 90 бодови, па сега има 11.963 на врвот на АТП-листата, што значи дека Надал ја намали разликата за 230 поени.

Шампионот на Србија опен, Матео Беретини остана на десеттата позиција и сега има 3.568 бодови.