Надал во центар на скандал: Претседател на анти-допинг агенција зборуваше за Шпанецот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Една од најголемите мистерии на современиот тенис е дали Рафаел Надал се допингува или не. За таа тема зборуваше и Жан-Пјер Верди, поранешен претседател на анти-допинг агенцијата на Франција.

Верди за медиумот „Л’Екип“ зборуваше за периодот од 2006 до 2015 година, кога беше главен на таа позиција.

„Контролирање на Надал беше како злосторство против кралство. Само во 2009 година ни дозволија да вршиме контроли изненадно. Со никого немавме проблеми, но потоа дојде Надал. Тој и останатите од тимот беа непријателски расположени. Тони Надал ме навредуваше на француски затоа што барав контрола. Викаше: Ова е скандал!“, објасни Верди.