Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баерн Минхен оваа сезона игра под очекувањата на раководството и затоа настрада тренерот Јулијан Нагелсман, кој доби отказ.
Поразот од Баер Леверкузен минатиот викенд ги натера главните луѓе на клубот да направат промена пред новите предизвици до крајот на сезоната.
Баерн ќе се бори за титулата во Бундеслигата, но и трофејот во Лигата на шампиони (ЛШ), а новинарот Фабрицио Романо објави дека веќе е познат новиот тренер на клубот.
Поранешниот стратег на Борусија Дортмунд, ПСЖ и Челси, Томас Тухел постигнал договор со баварскиот гигант и наскоро ќе го преземе.