Нагелсман: Пеналот за ПСЖ беше чиста „комедија“ и тажна одлука на судијата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ПСЖ синоќа го победи Лајпциг со 1-0 во Париз во четвртото коло на Лигата на шампиони, иако резултатот можеше да биде и поинаков. Тренерите на двете екипи не беа задоволни од одлуките на главниот судија.

Тренерот на Лајпциг, Џулијан Нагелсман кажа дека ВАР-собата не реагирала и не го информирала главниот судија дека Анхел Ди Марија намерно одглумил пенал.

„Мислам дека ПСЖ немаше реална шанса во игра, а пеналот беше комичен. Ваква одлука на вакво ниво е навистина тажна. Беше чиста глума, никаков контакт. Судиите од ВАР собата веројатно гледале некој друг натпревар, порача Нагелсман.

Лајпциг сега е во многу тешка ситуација за да избори пласман во нокаут-фазата.

„Понекогаш разликата во фудбалот ја прават нијанси. Овој пат тоа беше судијската одлука. Ќе беше убаво самите да се наградиме во финишот. Сега немаме добра ситуација во групата, мора да ги победиме следните два натпревари и да се надеваме дека ПСЖ тоа нема да го направи“, објасни Нагелсман.