Нагелсман пред отказ, Тухел кандидат за нов тренер: Кан откри што се случува во Минхен


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Германскиот шампион Баерн Минхен нема победа четири кола по ред, откако пред неколку дена загуби од Аугсбург со 0-1, по што почнаа шпекулациите дека Јулијан Нагелсман ќе си замине од клубот.

Медиумите пишуваа дека Томас Тухел е главен кандидат за тренерската позиција во гигантот, но претседателот на баварскиот тим, Оливер Кан ги реши дилемите.

„Не разговараме со нови тренери во моментов. Имаме доверба во Јулијан Нагелсман. Треба да се вратиме во форма што е можно побрзо“, кажа Кан.

Баерн во моментов е на петтата позиција со 12 бода, односно пет помалку од лидерот Унион Берлин, но сепак гигантот има добар старт во Лигата на шампиони, каде што славеше против Барселона со 2-0.