Нагелсман се откажа од Челси: Боели најде друг кандидат за тренер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тод Боели не може да си најде нов тренер за екипата, откако Јулијан Нагелсман одби да го преземе Челси по долгите преговори со премиерлигашот.

По отказот од Грем Потер, екипата ја презема Франк Лампард кој ќе биде тренер до крај на сезоната, а потоа се бара ново долгорочно решение.

„Гардијан“ објави дека Нагелсман се откажал од идејата да го преземе премиерлигашот, а засега не е позната причината за неговата одлука, додека од трката претходно испадна и Луис Енрике.

За Челси останаа уште две опции за тренерската позиција, а тоа се Маурицио Покетино, кој во минатото го тренираше Тотенхем, како и легендата на Манчестер сити, Винсен Компани.