Најава на „Хендбол-планет“: Вујовиќ ќе биде нов тренер на Вардар!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар од следната сезона ќе има нов тренер, а тоа ќе биде Веселин Вујовиќ, кој се враќа во редовите на „црвено-црните“ по долга пауза.

Реномираниот специјалзиран сајт за ракомет „Хендбол планет“ денеска објави дека нивните извори им потврдиле дека Вујовиќ по третпат ќе го предводи Вардар во својата кариера.

Вујовиќ, наводно, му соопштил на неговиот тим Борац од Бања Лука дека нема да го продолжи договорот со нив и од следната сезона ќе го тренира Вардар, каде што ќе го замени Стевче Алушовски, кој не се прослави со „црвено-црните“.

Вујовиќ во кариерата го тренираше двапати Вардар, и тоа во периоди од 2006 до 2009 и од 2011 до 2013 година.