Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан го совлада Каљари со 2:0 во саботата во 19-то коло од Серија А.
Росонерите конечно ги израдуваа своите навивачи и освоија три бода на тешкото гостување. Искусниот Златан Ибрахимовиќ беше брилијантен против Каљари и успеа да го постигне првиот гол од враќањето во Милан.
Исто така, многу добар натпревар одигра Бразилецот Рафаел Леао, кој се чинеше дека има добри односи со Ибра. Леао порано изјави дека Ибрахимовиќ отсекогаш бил идол за него и дека сака да научи повеќе од него.
По натпреварот, една од фотографиите на која Леао гледа кон Ибрахимовиќ стана хит, па дури и овој млад Росонер ја сподели истата на својот профил на Твитер.
„Најдете си девојка која те гледа како Леао што го гледа во Златан“, се вели во насловот.