Најдобар играч на ЕВРО за Роналдо е….


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Францускиот репрезентативец Антоан Гризман е прогласен за најдобар играч на ЕП, а покрај тоа ја доби и Златната копачка како најдобар стрелец на турнирот со шест постигнати голови.

Сега со Герет Бејл и Роналдо се во потесниот круг во изборот за најдобар фудбалер на Европа под подкровителство на УЕФА.

„Во мојот бележник Пепе беше инзвонреден во минатата сезона. Беше тоа можеби најдобра сезона во кариерата. Тој без сомнение беше надобар играч на Португалија и еден од најдобрите на Реал Мадрид во ЛШ“, рече Роналдо за официјалниот сајт на УЕФА и додаде:

„Воодушевен сум што е избран во најдобриот тим на Европското првенство, по мене тој беше најдобар играч на ЕП“.

УЕФА вечерва во Монако на ждребот од групната фаза од ЛШ во оваа сезона на свечената церемонија ќе го прогласи кој е најдобриот фудбалер во Европа за сезоната 2015/16.

После два круга гласови 55 членови на жирито на УЕФА, кое го сочинуваат по еден новинар од сите членови на континенталните асоциации, во конкуренција останаа Роналдо, Гризман и Бејл.