Најдобриот производ на школата на Сити – Ихеаначо останува на Итихад


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Манчестер Сити, Келечи Ихеаначо го продолжи договорот со клубот до 2021-ва година, соопшти официјалниот сајт на граѓаните.

Претходниот договор на 19-годишниот нигериец му истекуваше во 2019-та година.

„Не можам да ги опишам емоциите. Среќен сум што го продолжив договорот. Морам напорно да продолжам да работам за клубот, за тимот“, изјави Ихеаначо.

Нигериецот минатата сезона во ПЛ одигра 26 натпревари и постигна 8 погодоци.