Најдобриот стрелец во историјата на Првата лига потпиша за Струга Трим Лум! (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Струга Трим Лум направи еден од најголемите трансфери во македонската Прва лига, откако потпиша договор со најдобриот стрелец во историјата на натпреварувањето, Бесарт Ибраими.

Ибраими се враќа во Македонија, а Струга Трим Лум со специјално видео го потврди трансферот на одличниот напаѓач, кој се очекува да го предводи нападот на прволигашот.

Ибраими ја почна кариерата во Велазерими од Кичево, па потоа играше за Напредок, Ренова и Шкендија.

Напаѓачот има искуство и во странство, каде што го носеше дресот на Шалке, Севастопол, Таварија, Металург Запорожје, Енозис, Ермис и Ксанти.