Најдоброто од Кари: Како го предводеше Голден Стејт до титулата (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голден Стејт вориорс ја освои титулата во НБА-лигата, откако во финалната серија беше подобар со 4-2 од Бостон селтикс, а Стеф Кари блесна на паркетот.

Кари одигра одлично против Бостон и заслужено беше прогласен за МВП во финалната серија, а од НБА-лигата на официјалниот профил објавија видео на кое може да се погледнат сите негови сензационални потези.

Ова беше четврта титула за Голден Стејт во последните осум години во НБА-лигата, па така ја потврдија својата доминација со ѕвездениот тим.