Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска го прекина првенството и не го прогласи Вардар за шампион, иако имаше убедлива разлика пред останатите конкуренти.
Тоа ги налути сите во Вардар, а фудбалерот Филип Најдовски како и претходно капитенот Гачевски напиша дека нивниот тим е победник.
„Теренот е единствено мерило на вредностите. Благодарност до управата, стручниот штаб, соиграчите, навивачката група Комити и сите останати навивачи на Вардар. Сите ние заедно сме моралн шампиони сезонава без оглед на поинаквата одлука. Докажавме дека сме најдобар фудбалски колектив во државата. Нека ни е честита новата, 12-та титула шампион на Македонија. Еден живот, една љубов!“, напиша Најдовски.